Трајков: Рецесија ја јаде македонската економија

Македонија влезе во рецесија за само 4 месеци власт на СДС. Зоран Заев стана неславен светски рекордер по тоа што една држава од прогресивна да ја претвори во земја која паѓа во рецесија. Рецесијата ја јаде македонската економија, изјави Сашо Трајков од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, рецесијата е предизвикана како резултат на политичка одлука на владата да ги преполови капиталните инвестиции, а тоа го успорува градежништвото и со тоа и 25 поврзани гранки.

„Преполувањето на капиталните инвестиции е политичка одлука. Главното прашање е која е причината за свесното носење во рецесија? Дали е незнаење или создавање на хаос зад кој се кријат лични интереси на бизниси моќници на СДС? Неспособноста на СДС во управувањето со македонската економија, предизвика пад на извозот, намалување на просечната плата и намалување на производството, сето ова сумарно значи стагнација и итање кон економското дно", рече Трајков.

Дополнително, додаде тој, лошата економска политика е пропратена и со енормното и неосновано задолжување и тоа во период пред избори.

„Имено за само 4 месеци СДС ја задолжи државата за неверојатни 320 милиони евра, а од државните резерви стопи 177 милиони евра, вкупно половина милијарда евра за кои граѓаните не знаат на што се потрошени. Настапувањето на рецесијата ќе значи знак за сите инвеститори за намалена активност и неинвестирање во Република Македонија, тоа ќе предизвика интензивно намалување на обртот на пари во стопанството и зголемување на невработеноста. Рецесијата ќе значи зголемена сиромаштија кај граѓаните, беда и несигурност, и сето ова за само 4 месеци власт на СДС", истакна Трајков.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари