ЗА СТУДЕНТИ ПРЕКУ СТОПАНСКА БАНКА - СКОПЈЕ

TOPSI Mastercard дебитната картичка подарува ISIC картичка

Со ТОПСИ пакетот од Стопанска банка, клиентите на возраст до 28 години редовно добиваат: бесплатна Mastercard TOPSI дебитна картичка, бесплатна трансакциска сметка и пристап до i-bank дигиталната платформа (e-banking, m-banking). Дополнително, во рамки на промотивниот период до 31.12.2017 сите студенти ќе може да ја добијат и ISIC картичката бесплатно со попусти во над 130 земји во светот.

Картичниот бренд Mastercard, Стопанска банка АД – Скопје како еден од најголемите издавачи на картички и Меѓународната студентска идентификациска картичка (ISIC) промовираат кампања за бесплатно издавање на ISIC картичката за сите ТОПСИ студенти.

Имено, со ТОПСИ пакетот од Стопанска банка, клиентите на возраст до 28 години редовно добиваат: бесплатна Mastercard TOPSI дебитна картичка, бесплатна трансакциска сметка и пристап до i-bank дигиталната платформа (e-banking, m-banking). Дополнително, во рамки на промотивниот период до 31.12.2017 сите студенти ќе може да ја добијат и ISIC картичката бесплатно со попусти во над 130 земји во светот.

За време на промоцијата на кампањата, партнерите ги презентираа своите причини за оваа соработка:

Стефан Пепоски, Директор на развој на картични производи при Стопанска банка АД - Скопје укажа дека: „Стопанска банка АД – Скопје како Банка со најдолга традиција во иновации, трансакциско банкарство, дигитални канали и едукација повторно е чекор понапред и размислува на потребите на клиентите во секоја фаза од нивниот живот. Студентите имаат потреба за слободно движење, патување, собирање на животни искуства нон-стоп и во исто време имаат потреба од доверлив партнер. Стопанска банка во партнерство со Mastercard им обезбедува идеален пакет, поттикнат од бесконтактната функционалност на ТОПСИ MasterCard дебитната картичка, безбедните плаќања преку интернет и бесплатниот пристап до дигиталните банкарски услуги. ТОПСИ пакетот за млади продолжува да расте и да биде одраз на потребите на клиентите. Банката го користи за да ги едуцира клиентите за банкарските производи и услуги но во исто време учиме и ние како да се прилагодиме на потребите и на амбициите на клиентите со нашето портфолио."

Вања Манова, Менаџер за Бугарија и Македонија при Mastercard изјави дека „се радуваме што сме дел од овој возбудлив проект. Mисијата на Mastercard отсекогаш била да се вклучи во напорите за финансиска едукација и сметаме дека со учество во овој проект сме доследни на нашите заложби. Нашата цел е да испорачаме најиновативни алатки за плаќање за нашите корисници така што плаќањата ќе бидат безбедни, брзи и практични. Би сакале да видиме како плаќањата со картичките се прифаќаат на универзитетските кампуси и на сите места каде студентите имаат интеракција особено со бесконтактните плаќања кои се префериран избор на оваа генерација."

"Меѓународната Студентска Идентификациска Картичка International Student Identity Card (ISIC), е горда што може да земе учество во овој проект посветен на студентите во Македонија. Нашата мисија е идентификационата картичка да биде дел од животот на секој студент тука, да биде алатка за откривање на светот и долгорочна културна размена. Плановите во иднина вклучуваат и модерни дигитални решенија кои се во развој глобално, но и локално." – iзјави претставникот на ISIC од Холандија, г. Adwy van den Berg www.topsi.mk е дигиталната платформа која се користи за промоција и презентација на ТОПСИ пакетот, производите, услугите и содржи активен блог со цел размена на идеи и знањеа со заедницата.

Секој студент заинтересиран за ТОПСИ пакетот, за TOPSI Mastercard дебитната картичка и за ISIC студентската картичка може да се обрати во филијалите на Банката како и на 24/7 контакт центарот (02)3100 109.

Поврзани

Најнови вести

Коментари