logo
logo
logo

Тешка зима пред нас - РЕК Битола остана без јаглен, пропадна тендерот

Vecer | 21.10.2021

Тешка зима пред нас - РЕК Битола остана без јаглен, пропадна тендерот

Пропадна тендерот со кој се бараше итно да се купат 900.000 тони јаглен. Понуди имало  – но количините кои се нуделе биле мали. Сега јаглен ќе се бара на нов тендер.

За ТЕЦ Осломеј се бараа 300.000 тони јаглен. Понудите се прифатени, но дополнително ќе се избира компанијата од која ќе се купи.

На  тендерот  за  купување  на вкупно 1, 2 милиони тони јаглен  се пријавиле девет фирми од Косово, Албанија, Турција, Русија и БИХ. За понудите за ТЕЦ Осломеј сега ќе треба да се направи техничка,и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават и дури потоа одлука  за избор на компанијата од која ќе се купи.

Преку зголемување на домашното производство на струја владата планираше да го амортизира ударот од енергетската криза. Цената на струјата на светските берзи се зголеми за 4 пати и достигна и до 200 евра за мегават час. Откако снабдувачите почнаа да ги раскинуваат договорите со компаниите, владата најави дека со интервентната набавка на јаглен  ќе се обиде да им помогне и на компаниите и да понуди струја по пониска цена од берзанската.

Цената за домаќинствата е  гарантирана до Нова година, а дали догодина ќе има корекции ќе се знае откако ќе се пресметаат загубите на компаниите.

Експертите пак предупредија  дека ни претстои тешка зима. Стабилизација на цената на струјата на берзите се очекува да има дури во втората половина следната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk