Peugeot Active Drive – тековна акција со 3 модели по одлични цени

Моделите Пежо 208, 308 и 2008 со Active ниво на опременост, врвна технологија и безбедносни системи од најновата генерација се достапни преку нова промотивна кампања.

Моделот „пежо 208“ уште на прв поглед освојува со својот стил, избор на свежи бои на екстериерот и најсовремена иновативна технологија и потполно се издвојува од останатите во сегментот.

„Пежо 308“ е креиран по најновите стандарди каде ентериерот на возилото, i-Cockpit, е одлика на гамата. Ентериерот i-Cockpit се фокусира на возењето кое ве става во целосна контрола, овозможувајќи поголемо држење на патот.

Во компактниот SUV сегмент, „Пежо 2008“ се издвојува од толпата со неговиот примамлив самодоверлив дизајн и неговата вистинска моќност и карактер кој го прави робустен и софистициран. За повеќе информации сите заинтересирани може да се обратат во продажно-сервисната мрежа на „Пежо“ или на официјалната интернет-страница и да закажат тест возење.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари