logo
logo
logo

Како Талибанците ЗАРАБОТИЈА МИЛИОНИ од Светското првенство во Катар

Vecer | 28.11.2022

Како Талибанците ЗАРАБОТИЈА МИЛИОНИ од Светското првенство во Катар

Талибанците заработија милиони на Светското првенство со обезбедување градежна опрема за изградба на стадион во Катар, тврди британски Телеграф.

Високи талибански функционери користеле пари што ги добиле од мировните преговори за купување, а потоа изнајмување машини за изградба на инфраструктура во изминатата деценија, им рекол извор од талибанската канцеларија во Доха.

Голем контингент на талибанско раководство живее во Доха, главниот град на Катар, од 2013 година, каде што се вклучени во долготрајните мировни преговори со САД и ОН.

„Турнирот им беше златна патка“

„Талибанците инвестираа многу во изградбата на Светското првенство и турнирот им беше златна патка. Тие беа платени со милиони“, тврди извор кој живеел во Доха во деценијата пред талибанците да го преземат Авганистан во 2021 година.

„Некои членови на Талибанците имаа меѓу шест и десет големи машини во Доха и заработуваа до 10.000 фунти по машина месечно“.

Два различни високи талибански извори опишаа како службениците добивале профитабилни стипендии за живеење во земјата за време на мировните преговори, кои потоа биле инвестирани во тешка градежна механизација.

Телеграф пишува дека се разбира дека катарските власти - со одобрение на САД и ОН - им плаќале на членовите на политичката канцеларија на Талибанците во Доха месечен надоместок во вредност од илјадници фунти, како дел од напорите за олеснување на мировните преговори со Западот.

На официјалните лица кои престојувале тамун им биле обезбедени и луксузни теренски возила, бесплатна здравствена заштита и редовна достава на храна.

На Телеграф му е кажано дека парите првично биле исплатени во готово, а подоцна директно префрлени на банкарските сметки на талибанските службеници, што им отежнува на американските и на катарските власти да ги следат трошоците.

-Нема индикации дека катарските власти извршиле незаконски постапки или некаква вмешаност во градежните аранжмани на Талибанците, пишува Телеграф.

[caption id="attachment_1144263" align="alignnone" width="2100"]Талибанците ЗАРАБОТИЈА МИЛИОНИ од Светското првенство Талибанците ЗАРАБОТИЈА МИЛИОНИ од Светското првенство[/caption]

„Јавна тајна беше дека парите ги вложија во опрема за СП“

Повеќе извори велат дека талибанскиот посредник од Доха, Хаџи Ахмад Џан, поранешен министер за нафта и рудници на Авганистан меѓу 1996 и 2001 година, го надгледувал изнајмувањето на машините на градежните компании одговорни за изградба на стадиони и инфраструктура за Светското првенство.

Телеграф го контактирале за коментар, но сè уште немаат одговор.

„Во авганистанската амбасада во Доха беше јавна тајна дека преговарачкиот тим и политичката канцеларија на Талибанците беа добро платени од катарскиот режим и дека тие плати ги инвестираа во градежна опрема за Светското првенство“, вели поранешен висок авганистански дипломат во Доха.

„Мрежата Хакани на Талибанците дури собираше пари и донации од Авганистанци во други арапски земји и им вети дека парите ќе бидат инвестирани во проекти за Светското првенство во Катар“, додава Телеграф.

Наводните врски на Талибанците со изградбата на стадиони за Светското првенство, иако не се несоодветни или незаконски, покренуваат дополнителни прашања за турнирот поврзан со бројни контроверзии и наводи за злоупотреба на трудот.

Да потсетиме, беше напишано дека повеќе од 6.000 печалбари загинале работејќи на стадиони и инфраструктура во Катар, што националната влада го негира. Наместо тоа, се тврди дека само тројца работници на стадионот загинале во текот на 12-те години на изградба.

Присуството на талибанците во Катар трае повеќе од една деценија. На почетокот на 2010-тите, многу високи талибански функционери го напуштија Авганистан и заминаа во Катар, каде милитантите беа пречекани од тогашниот емир на земјата Хамад бин Калифа ал Тани и беа сместени во мали замоци, пишува Телеграф.

Фото: Илустрација профи, принтскрин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk