Сугарески до Галовеј: Можност за соработка со британски компании

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ја прими британската амбасадорка Рејчел Галовеј, при што ја информираше за инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија, како и за реформските закони што се спроведуваат во насока на усогласување со Европската регулатива.

Тој нагласи дека во тек е силен инвестициски циклус во инфраструктурата и ја отвори можноста за соработка со компании од Велика Британија.

„Денеска остварив средба со британскиот амбасадор на која разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на инфраструктурата. Се надевам дека сите заинтересирани компании од Велика Британија ќе пројават интерес на јавните повици, што ќе ги објавиме во наредниот период за реализација на капиталните проекти во земјата”, изјави Сугарески.

Министерот Сугарески изрази благодарност за досегашната соработка и поддршката што Велика Британија ѝ ја дава на Република Македонија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари