Сугарески: 70 милиони евра ќе се инвестираат во изградба и реконструкција на локални патишта

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески изврши работна посета на општина Арачиново, каде оствари средба со градоначалникот на општина Арачиново, Меликије Халими.

На средбата, информираат од кабинетот на министерот, се разговарало за инфраструктурните проекти што се реализираат во општината како со поддршка од централната власт, така и проектите што ги реализира општината.

Министерот Сугарески информирал дека општина Арачиново на располагање има околу 100 илјади евра преку заемот од Европската инвестициона банка, средства што се наменети за проекти од водоводната и канализационата инфраструктура.

„Овие пари можат да се искористат за изградба на канализации и водоводи и затоа апелот е не само општина Арачиново, туку и сите други општини кои имаат на располагање средства да достават ревидирани проекти за да може да ги искористат тие пари со кои сметаме дека се од огромно значење за подобрување на условите на живот на граѓаните”, изјави министерот Сугарески.

Тој исто така најави и дека Владата преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари