Европски образовни програми презентирани на ЕУРМ

Студентитет и наставниот кадар од ЕУРМ се запознаа со можностите кои ги нуди "Еразмус"

Програмата „Еразмус" е двигател на модернизацијата на високото образование во Европа и има за цел да придонесе за поголем одржлив развој, поголема општествена кохезија и подобри работни места за своите граѓани

Претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност пред студентитет и наставниот кадар од Европски универзитет – РМ одржаа презентација за Еуропас- европска мрежа за кратка биографија, мотивационо писмо и други документи и за "Еразмус" студентски мобилности.

Програмата за доживотно учење, односно секторската програма „Еразмус" е двигател на модернизацијата на високото образование во Европа и има за цел да придонесе за развој на Европа како напредно општество на знаење со одржлив развој, поголема општествена кохезија и подобри работни места за своите граѓани. За таа цел програмата поттикнува размена, соработка и студентска мобилност на подрачјето на Европа.

Академската мобилност им овозможува на студентите размена на нивното образовно искуство во поинаква академска, културна и општествена средина. Како резултат на тоа, студентите кои оствариле студентска мобилност ги зголемуваат своите можности за вработување, се зголемува општествената свест кај поединците и им се отвараат поглем број на можности во иднина.

Стратегијата на ЕУРМ е дека студентите треба да имаат добро академско знаење, способности и вештини за да можат да го дадат својот придонес во општеството. Нашата идеја е, исто така, дека тие стануваат добро опремени професионалци кои се подготвени да влијаат и да ги обликуваат промените во глобалниот свет.

За остварување на оваа стратегија, потребни се четирите клучни цели кои се од особена важност за студентите, наставниот кадар и универзитетот. Потребно е да се опремат студентите со вештини и способности за живот и работа во глобалната економија, да се вклучиме со нашите меѓународни партнери и да постанеме глобален универзитет, потоа зајакнување на "триаголникот на знаење", поврзување на образованието, подобрување на квалитетот и релевантноста на наставата и истражувањето, така што академските наставни програми ќе ги задоволат потребите на поединците и пазарот на трудот.

Европската Комисија ја лансираше програмата Еразмус во 1987 година и од тогаш повеќе од 1,5 милиони студенти и професори учествувале во Еразмус размени. Програмата се дефинира како програма која ја поттикнува мобилноста на студентите и на наставните кадри и европската соработка вклучувајки високообразовни институции и други клучни актери во економијата базирана на знаење.

Од 2007 година програмата Еразмус е вклучена во програмата доживотно учење на Европската Комисија. Учеството во програмата Еразмус подразбира исполнување на низа критериуми. Најважните критериуми се отворање на Национална Агенција која ќе биде одговорна за децентрализирано управување со програмата на национално ниво, како и отворање на Еразмус канцеларии на универзитетско ниво. Понатаму, за да можат да користат средства од Еразмус, заинтересираните високообразовни институции од Македонија треба да аплицираат и да станат носители на Еразмус Универзитетска Повелба, која ЕУРМ ја има стекнато и ја применуваме веќе неколку години.

Подпрограмата Еразмус за учесниците нуди различни можности за образование, обука, настава, меѓународна соработка и развој на меѓународни проекти и иницијативи. Целта на програмата е да промовира меѓународна соработка на лица и да ја зголеми соработката помеѓу различните организации вклучени во високото образование во Европа. Еразмус програмата нуди мобилност на студент, наставен кадар, административен персонал, како и интензивни јазични курсеви, организација на мобилности и подготвителни посети.

Досега преку Еразмус програмата на ЕУРМ остварени се над 12 студентски размени на Универзитети од Европа и Азија, неколку стручно-професорски размени.

Од ЕУРМ велат дека активно ќе работата на развивање на можности за постдипломска сеопфатна мобилност на ниво на магистерски и докторски преку Еразмус програмата. - Со постојните и идни партнерски институции, ние ќе продолжи да ги истражуваме можностите за заеднички дипломи, не само за постдипломски програми туку, исто така, ќе го разгледаме и потенцијалот за степените на заеднички додипломски.

За да се исполнат овие цели, за време на процесот на селекција на нашите идни партнерски институции ќе се обидеме да обезбедиме квалитетно партнерство да не се заснова само на репутацијата на партнерскиот универзитет, туку и на добрата реципрочна мобилност на студентите и факултетите, велат од ЕУРМ.

Од ЕУРМ велат дека активно ќе го стимулираат и наградуваат усовршувањето во наставата и истражувањето и ќе поттикнат повеќе истражувачи да бидат обучени со Еразмус програмата, со цел да се подготват за вклучување на пазарот на работна сила, индустриите и предизвиците кои ги носи глобализацијата.

- Ние ќе продолжиме да развиваме меѓународни односи во рамките на академската и бизнис заедницата преку институционални билатерални и мултилатерални договори, институционални посети, тркалезни маси, семинари, работилници и учество во настани во секторот. Нашето учество во проекти за меѓународна соработка ја одразува нашата посветеноста кон создавање на спремен академски и наставен кадар достоен за предизвиците во иднина, заклучуваат од Европски универзитет РМ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари