logo
logo
logo

Струјата поскапела 11,2 отсто, просечната цена во првото полугодие 5 761 денар за киловат час

Vecer | 30.09.2022

Струјата поскапела 11,2 отсто, просечната цена во првото полугодие 5 761 денар за киловат час

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2022 година изнесува 5 761 денар по киловат час што претставува пораст од 11,2 отсто во споредба со второто полугодие од 2021 година, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 10 316 до 14 782 денари по киловат час по групи на потрошувачи. Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 57 840 до 65 380 денари по нормален метар кубен по групи на потрошувачи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk