-Но, драго ни е што после вкупно 13 години како партија, и после 5 години како влада, СДС се откажа од нејзините даночни авантури и конечно прифати дека рамниот данок воведен од ВМРО-ДПМНЕ е стабилен, развоен и предвидлив даночен концепт, поволен и за стопанството и за граѓаните. Со оваа прес конференција СДС докажа дека немаат стратегија за даночна реформа, која помпезно ја најавуваат. Наместо во услови на инфлација и зголемен долг кој е над 7.5 милијарди евра граѓаните на Македонија да слушнат за даночни ослободувања, владата соопшти дека ќе има нов данок за фриленсерите, и даночни стапки кои се исти како до сега. Безидејност, презентирана преку прес конференција долга еден час е на лик на минатите прес конференции кои ги држат долго време за да ги манипулираат граѓаните дека наводно нешто направиле. Ја потценуваат интелигенцијата на македонскиот народ, презентирајќи правичност во оданочувањето, а всушност реалноста е сосема поинаква, истакна Стојаноски.Стојаноски посочи дрека покрај тоа што власта ги прифати предлог мерките за ублажување на енергетската криза, сега и укинувањето на прогресивното оданочување кое што сакаше да го воведе СДС е на инсистирање на ВМРО-ДПМНЕ. Не дозволивме граѓаните да плаќаат за неспособноста на власта.
-И премиерот и министерот за финансии држат прес конференција, на која главна поента е дека треба да сме благодарни што не се покачуваат даноците. Нема новитети, нема даночни ослободувања. Владата се фали со стари мерки кои што се веќе во сила и повеќе од 10 години, за кои вели дека нема да ги менува. Со СДС дојдовме до ситуација да сме благодарни што нема да се покачи данокот, и што ќе имаме храна и струја, потенцираше Стојаноски.