logo
logo
logo

ССМ се подготува за протест откако Владата по втор пат им ја одложи средбата за минималната плата

Vecer | 24.01.2022

ССМ се подготува за протест откако Владата по втор пат им ја одложи средбата за минималната плата

Синдикалците се подготвуваат за штрајк откако владата по втор пат ја одложува средбата со нив. Сега им ја презакажа за идниот понеделник. Требаше да се договараат за покачување на минималната плата која синдикатот бара да биде 18.000 денари и да се усогласат и останатите плати нагоре. Владата веќе им прати порака дека не планира сега, туку во вториот квартал од годинава. Синдикалците бараат и К-15 за цел јавен сектор исто како што е за приватниот. Но и продолжување на замрзнувањето на цените кое истекува на крајот на месецов. Но за бизнисот 18.000 денари минималец се неприфатливи. Велат не прифаќаат наддавање со минималната плата. Туку во март да седнат и да го пресметаат законското покачување, кое според нив треба да биде минимално. Синдикалците бараат и почитување на недела неработен ден – право кое пак Стопанската комора го оспори пред Уставен суд, па најави дека ќе го повлече но само ако до 18 февруари денот на 100 годишнината на Комората, се елиминираат проблематичните решенија во законот што го кочат редовното работење на компаниите. Од владата пак нема одговор зошто закажале средба со синдиаклците на датум на кој се знаеше дека владините министри ќе патуваат за Бугарија. Нема ниту одговор дали се прифатливи барањата на синдикатот. Ниту од Министерството за економија нема информација дали замрзнатите цени на дел од основните прехрамбени производи ќе важат и после 31 јануари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk