logo
logo
logo

ССМ: Исплатени трите заостанати плати во Водостопанство Скопје

Vecer | 03.10.2022

ССМ: Исплатени трите заостанати плати во Водостопанство Скопје

Исплатени се трите заостанати плати во Водостопанство во државна сопственост Скопје, како резултат на синдикалните активности, информираше денеска Сојузот на синдикатите на Македонија.
-Активностите на АГРО Синдикатот и Сојузот на синдикатите на Македонија дадоа конкретни резултати и во петокот на вработените во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје им беше исплатена една од трите заостанатите плати , а во текот на денешниот ден им се исплатени уште две заостанати плати, неведе во соопштение ССМ.
Оттаму дополнуваат дека работниците и членовите на синдикалната подружница во АД Водостопанство на РСМ, заедно со АГРО Синдикатот и ССМ, по неколку месечната борба со раководството на АД Водостопанство и претставниците на Владата, обезбедиле исплатата на заостанатите плати на работниците да се случи на крајот на минатата и почетокот на оваа недела. На исплатата, потсетува ССМ, претходеше и подготовката на штрајк во претпријатието по завршување на сите законски рокови кои истекоа минатата недела за почнување на штрајкот и кој ќе се случеше доколку раководството и Владата не ја разбереа јасната заедничка порака на работниците и ако не ги исплатеа заостанатите плати на вработените.
-Борбата на синдикатот не запира овде. На АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје му е потребна промена во однос на усогласување на платите со Законот за минимална плата и надминување на другите внатрешни отворени проблеми со кои ќе се овозможи одржливо функционирање на Акционерското друштво во иднина, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk