ССК – Конфиндустрија: Добрата трговска размена дополнително ќе се зголемува

Зголемување на економско-трговските релации помеѓу Македонија и Италија, можностите за нивно унапредување и искористување на потенцијалите за инвестирање беа темите на дискусија на денешниот настан на кој Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ја официјализира соработката со конфедерацијата на италијанската индустрија „Конфиндустрија Македонија“.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Македонската комора за посредување во промет со недвижности во ССК, Александар Милошевски и претседателот на „Конфиндустрија Македонија“, Марко Маркони.

На настанот присуствуваше амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео, кој даде поддршка на иницијативата за дополнитело зацврстување на билатералните бизнис релации на компаниите од двете земји, а го истакна и значењето кое го има конфедерацијата на италијанската индустрија „Конфиндустрија“ во Македонија за унапредувањето на економските односи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари