logo
logo
logo

Средба на претседателот Пендаровски со првиот директор на ЕБОР, Жак Атали

Vecer | 24.05.2022

Средба на претседателот Пендаровски со првиот директор на ЕБОР, Жак Атали

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на Светскиот економски форум во Давос оствари средба со Жак Атали, првиот директор на Европската банка за обнова и развој (EBRD), француски автор, професор, поранешен висок функционер и претседател на организацијата „Позитивна планета“, чија цел е борба против сиромаштијата и сите форми на исклученoст преку поддршка за најранливите заедници. Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата со Атали, како влијателен светски интелектуалец, размени мислења за политичките случувања во Франција по реизборот на претседателот Макрон, за македонско-француските односи, како и за потребата од засилена европска солидарност и обединување како одговор на рускиот напад врз демократските вредности и безбедноста на Европа. Атали ги сподели своите согледувања за надворешно-политичките прашања на ЕУ и воедно, претседателот беше запознаен со меѓународните активности и улогата на организацијата „Позитивна планета“.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk