Во 2017-та корупцијата дуплирана во однос на 2016-та

Според Индексот на перцепција на корупција ни сме во врвот

Станува збор за историски пад од 17 места, откако минатата 2017 година Република Македонија паднала за 24 места на Иднексот на перцепцијата на корупција, а досега не е забележана некоја држава да доживее таков огромен пад, вели директорката на Транспаренси интернешнел, Слаѓана Тасева.

„Владата не успеа да го востанови долго најавуваниот принцип на индивидуална одговорност, а одговорните за корупција и натаму се заштитени и недопирливи. На овој начин и понатаму опстојува систем во кој наспроти правото владеат интереси. Овој систем мора да се замени со систем во кој ќе владее правото, а институциите ќе бидат професионални и ефикасни и ќе преземат сериозни мерки за справување со корупцијата како проблем од висок приоритет. Решавањето на проблемот со корупцијата треба да им се препушти на компетенти професионалци, а политиката да остане надвор од нивната работа",изјави Слаѓана Тасева.

Решавањето на проблемот со корупцијата, да се препушти на професионалци, порача Тасева. Политиката да остане надвор од нивната работа. Сепак, Тасева е оптимист. Би можеле да го поправиме впечатокот.

Тасева со коментар и за државната комисија за спречување на корупција. Транспаренси објави дека на листата на донатори на ДУИ се јавуваат и државни претпријатија како Македонска пошта, Аеродроми на Македонија и Македонски железници. Тасева вели дека се изненадени од писмото на државната комисија за спречување на корупција, бидејќи нивното обраќање до нив е од претходната година. Но, добро е што и доцна се реагира.

„Изненадени сме од писмото од државна Комисија за спречување на корупција. Нашето обраќање кон нив е од мај лани. Од анализи на финансирање на политички кампањи има недоследности и доставивме барање до комисијата да го провери сметајќи на итноста која што произлегува од изборен законик и од рокови кои се кратки од финансирање на политика. Добивме одговор кој е задоцнет. Не може да се очекува конкретна мерка врз политичката партија која ќе влијае на нивното политичко делување или не давање средства по избори. Тоа претставува кршење и на кривичен законик и затоа е добро е што и доцна реагира и очекуваме тие да го достават до ЈО. Ова е првпат да се произнесе комисијата по наше барање да се произнесе во врска со финансирањето на политиката", вели Тасева.

Поврзани

Најнови вести

Коментари