logo
logo
logo

Сопственикот на „Зара“ забележа драстичен пад на профитот

Vecer | 10.03.2021

Сопственикот на „Зара“ забележа драстичен пад на профитот


Шпанскиот синџир за трговија со облека „Индитекс“, сопственик на „Зара“, денеска објави дека ја завршил фискалната 2020 година со 70 проценти помал нето профит поради затворањето на продавниците во многу земји, во рамки на борбата против пандемијата на коронавирус.

Во фискалната година што заврши во јануари, нето добивката на „Индитекс“ лани паднала на 1,1 милијарда евра.

Приходите паднале за 28 проценти, на 20,4 милијарди евра, бидејќи скокот од 77 проценти остварен преку онлајн продажбат делумно ги неутрализирал негативните ефекти од пандемијата, а позитивно влијаело и брзото закрепнување на Кина.

Компанијата донекаде ја намалила штетата и со строгото управување со синџирот на снабдување, намалувајќи ги залихите за девет проценти во однос на претходната година, и покрај нестабилната продажба.

Кон крајот на годината, за време на сезоната на празнично пазарање, многу влади во Европа повторно ги заострија мерките за спречување на нов бран на пандемијата, така што нето профитот на „Индитекс“ беше преполовен, на 435 милиони евра. Приходот паднал за една четвртина, на 6,3 милијарди евра.

На крајот на јануари, на крајот на фискалната година, околу 30 проценти од продавниците на „Индитекс“ беа затворени, а до почетокот на оваа недела, тој број е преполовен. Компанијата очекува скоро сите продавници да бидат отворени до 12 април.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk