logo
logo
logo

Славевски: Ова е ПОСЛЕДЕН ПАКЕТ МЕРКИ ЗА ПОМОШ од владата

Vecer | 20.02.2021

Славевски: Ова е ПОСЛЕДЕН ПАКЕТ МЕРКИ ЗА ПОМОШ од владата

Македонија е земја која полека се исцрпува и не случајно владата навести дека ова е последен пакет на мерки за поддршка на плата во висина од минималната плата, потенцираше во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ професорот Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Најважна мерка треба да биде сузбивање на пандемијата, со сите можни средства, продолжување дури можеби и зајакнување и воведување на поригорозни мерки. Како што гледаме сега од ден во ден се зголемува бројот на дијагностицирани лица, се зголемува бројот на починати лица, на хоспитализирани лица.

Во некои центри во Република Македонија жаришта на кризата како што е на пример Прилеп гледаме дека веќе се полнат болничките капацитети, се враќаат модуларни одделенија и така натаму. Нема простор за опуштање.

Ние сме една од земјите полека се исцрпуваме и не е случајно она кое владата го навести, а тоа е дека ова е последен пакет на мерки за поддршка на плати во висина на минимална плата овие два месеци што би се покриле со петтиот пакет месеците февруари и мар, рече Славески во своето гостување.

Славески за мерките кои ги превзема власта за надминување на кризата укажа дека државата користела позајмени средства кои ќе треба да се враќаат со релативно високи камати. Објасни дека главната забелешка е дека планирањето, таргетирањето на мерките било многу слабо.

Да се потсетиме дека ние користевме позајмени средства кои што ќе треба да ги враќање со релативно високи камати. Главната забелешка е дека планирањето, таргетирањето на мерките било многу слабо, од таму некаде предвидено над милијарда евра средства искористени само 1/3 или 3.5% од БДП.

Овдека ако дозволите само сакам да споменам дека првата седница на оној економски совет кој беше формиран за време на техничката Влада, по првиот удар на пандемијата јас имав дискусија и нормално сите дадовме проценки или веројатности.

Спомнав дека можеби ќе треба да се троши 1% од БДП месечно во тоа време беше околу стотина милиони евра месечно. Владата го предвидела со досегашните четири пакети мерки, но далеку е од искористеноста, додаде Славески.

Владата тврди дека мерките се носени во консултација со бизнис секторот, реалноста не го покажува тоа, вели професорот Трајко Славески.

Паѓа во вода тоа дека мерките се во консултација со бизинис секторот. Денес гледаме дека не е така. Имше протести во скопје на главните улици и се беше блокирано. Блокадите и протестите беа токму од тој бизнис сектор, вели Славески.

Професорот Славески додадава дека и самите пакети на мерки кои ги дизајнираше владата не се соодветни на ситуацијата во земјава.

Добар дел од најпогодените не се задоволни со мерките. Во меѓувреме целосно потфрливме и на задравстевн план, каде е надлежната Комисија при минситерството за здравство ги неа никаде, констатираше професорот Славески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk