logo
logo
logo

Скоро цела Европа НАЈМНОГУ ТРГУВА СО ГЕРМАНИЈА, дури и Македонија

Vecer | 24.05.2023

Скоро цела Европа НАЈМНОГУ ТРГУВА СО ГЕРМАНИЈА, дури и Македонија

Анализата на порталот “Ландгеист” покажува дека Германија е најголем трговски партнер на Македонија, како и на повеќето земји во Европа. Германија ја има најголемата економија во Европа и има силни трговски врски со над половина од европските земји.

Втората најсилна економска сила, Велика Британија, не е најголем трговски партнер на ниту една земја во Европа. Франција, трета по ред економска сила, е најзначаен трговски партнер на Шпанија и Германија. Италија, четврта со најголема економија, има значајни трговски врски со Албанија, Хрватска, Малта и Ватикан.

Иако САД и Кина имаат силни економски релации со Европа, тие се најзначајни трговски партнери само на многу мал број европски земји. Најголем трговски партнер на Велика Британија и Ирска се САД, додека Кина е најголем трговски партнер само на Русија. Русија е најзначаен трговски партнер на Турција и Белорусија, додека за Украина тоа е Полска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk