Швајцарски ГСОЛ одбран за инвеститор во „Фени“

Банките кредитори на „Фени Индустри“ одлучија инвеститор во фабриката да биде швајцарската компанија ГСОЛ. Одлуката  ја донеле по низа преземени активности со цел повторно активирање на производствениот процес на компанијата. Изборот на најсериозниот инвеститор е последниот чекор од низата активности, за кои велат дека биле успешно реализирани. Кредитори на „Фени“ се Комерцијална банка АД Скоје и Стопанска банка Ад Скопје. Тие имале две понуди за откуп на побарувањата за „Фени“, едната од ГСОЛ, а другата од бугарски „Минстрој“.

„По оценувањето на понудите, одлуката на банките е да се избере понудата на ‘ГСОЛ’ како купувач на нашите побарувања. Ваквата одлука се заснова на целосна оценка на доставените понуди, роковите и условите за исплата на побарувањата, како и покажаната посветеност на овој инвеститор од почетокот на проблематичниот период за компанијата. Исто така, беше земено предвид дека ‘ГСОЛ’ веќе ја исплати заостаната плата на вработените во „Фени”, како и јавно објавената намера за соодветна исплата и на другите доверители кои имаат признаени побарувања во стечајната постапка на “Фени Индустри”“, соопштија банките кредитори.

Согласно условите од понудата, банките очекуваат целосната реализација на договорот за откуп на нивните побарувања да биде завршена до крајот на март 2018 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари