logo
logo
logo

Швајцарија се подготвува за недостиг на гас: Ако апелите не се доволни, тогаш...

Vecer | 30.06.2022

Швајцарија се подготвува за недостиг на гас: Ако апелите не се доволни, тогаш...

Берн - Швајцарската влада се подготвува за можен недостиг на гас и подготви план во случај да нема доволно гас за покривање на потребите.

Доколку не се доволни апелите за штедење и преминување на нафтени постројки, според владиниот план, потрошувачката на гас ќе се рационализира.

Во првата фаза, домаќинствата и социјалните служби би добивале гас без ограничувања.

Сепак, другите потрошувачи ќе се соочат со однапред одредени контингенти за гас.

Швајцарија нема сопствени складишта за гас и е целосно зависна од увоз.

До три четвртини од испораките на гас доаѓаат од Германија, така што Швајцарија би била автоматски погодена во случај на недостиг на гас во Германија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk