Штерјо Наков го зацврстува челното место во Фершпед

Генералниот директор на шпедитерската компаниај Фершпед", Штерјо Наков, се повлекува од управниот одбор и преоѓа во надзорниот. Во предлог листата за избор на членови на надзорниот одбор која шпедитерската компанија ја испрати до Берзата, освен Наков, предложени се и Кираца Трајковска, Виолета Татабитовска, Невенка Ристовска, Стојан Настовски и Леонид Наков како независен член.

Генералното собрание на кое ќе се гласа за предолжените членови е закажано на 29 март.

Според податоците на Централниот депозитар, синот на Штерјо, Драган Наков поседува 11% од акциите на Фершпед", уште толку поседува другиот син Сашо Наков, а Кираца Трајковска има нешто над 10%. Штерјо Наков својот сопственички удел им го подари на синовите во 2008 година.

Надзорниот одбор ја контролира работата на управниот одбор, што значи дека клучните стратешки одлуки се уште остануваат под контрола на бизнисменот Наков. Во команиите кои се под контрола на Штерјо Наков, освен Фершпед", се и хотелот Александар Палас", хотелската компанија Метропол" во Охрид со три хотели и винаријата Сковин".

Поврзани

Најнови вести

Коментари