logo
logo
logo

Шолц им врти грб на Русија и Кина: „Бегавме од литиумот, ама...“

Vecer | 28.01.2023

Шолц им врти грб на Русија и Кина: „Бегавме од литиумот, ама...“

Германскиот канцелар Олаф Шолц се упати во Аргентина на првиот дел од неговата инаугуративна турнеја низ Јужна Америка.

Неговата влада се стреми да ја намали економската зависност од Кина и да ги зајакне односите со демократиите ширум светот, пишува Индекс.

Социјалдемократот Шолц на тридневна турнеја ќе ги посети најголемите економии во регионот - Аргентина, Чиле и Бразил - земји кои моментално се предводени од левичарски лидери.

На дневен ред ќе биде војната во Украина и научените лекции, вклучително и во Берлин, како и поголема свест за потребата од намалување на економското потпирање на авторитарните држави. Зависноста на Германија од рускиот гас предизвика енергетска криза откако односите се влошија поради конфликтот меѓу Русија и Украина.

Европа се обидува да го намали своето потпирање, особено од Кина, на критичните минерали неопходни за транзиција кон јаглеродно неутрална економија - минерали со кои е богата Јужна Америка.

„Сите овие три земји се интересни партнери за диверзификација на нашите економски односи воопшто, но и за нашите набавки на стоки“, изјави претставник на германската влада.

Важноста на литиумот

Со оглед на конкуренцијата од Кина, која инвестираше многу во регионот во последната деценија, функционерот рече дека Германија едноставно треба да биде поактивна и подготвена да ги прифати секторите кои досега ги избегнувала.

„На пример ископување литиум - тоа е предизвик, особено во однос на еколошките и општествените стандарди. И во минатото веројатно бегавме од тоа... но не можеме да го дозволиме тој луксуз ако сакаме да застанеме на свои нозе“, додаде тој.

Аргентина и Чиле се на врвот на јужноамериканскиот литиумски триаголник, кој ја има најголемата светска ризница на ултралесниот метал за батерии. Канцеларот е придружуван од делегација од десетина деловни луѓе од различни сектори, како и заменик министерката за економија Франциска Брантнер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk