logo
logo
logo

Шахпаска: Недела работен ден за 36 дејности

Vecer | 19.02.2021

Шахпаска: Недела работен ден за 36 дејности

Предлог-законот, со кој недела ќе се прогласи за неработен ден за сите, е во завршна фаза, а со последните преговори се дефинирало кога ќе користат слободен ден работниците што ќе работат во недела и за надоместокот за нив, кој ќе биде законска обврска на работодавците.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, очекува набргу предлогот да биде објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

„На добар пат сме да го финализираме предлогот. Веќе три месеци се дебатира со сите засегнати страни. Во моментот се разговара за тоа кога ќе користат слободен ден работниците што работеле во недела, дали во понеделник или во сабота како во многу земји, и за надоместокот што законски ќе им следува. Предлогот ќе биде објавен на ЕНЕР за да може сите граѓани да дадат забелешки. Од почетните 34 дејности што треба да работат во недела, сега имаме 36 дејности и при крај сме да го дефинираме предлогот“, рече министерката Шахпаска.

Таа не кажа со кои конкретно дејности е надополнета листата на оние што треба да работат во недела.

Прогласувањето недела за неработен ден е предизборно ветување на сегашната власт, кое ги подели и граѓаните и институциите на два табора – едни се „за“, а други против предлогот во недела да не се работи.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk