logo
logo
logo

Секој човек во светот ДОЛЖИ 37.500 ДОЛАРИ - ЕВЕ КОИ ДРЖАВИ ИМААТ НАЈГОЛЕМИ ДОЛГОВИ

Vecer | 29.11.2021

Секој човек во светот ДОЛЖИ 37.500 ДОЛАРИ - ЕВЕ КОИ ДРЖАВИ ИМААТ НАЈГОЛЕМИ ДОЛГОВИ

Вкупниот глобален долг е околу 300 трилиони долари, а оваа огромна сума претставува 353 отсто од глобалниот БДП, покажуваат податоците за вториот квартал од оваа година.

Сепак, тоа е подобрување во однос на првиот квартал кога глобалниот долг изнесуваше 362 отсто од БДП. Тоа би значело дека секој жител на планетата должи во просек по 37.500 долари.

Кога станува збор за земјите со најголем долг во однос на нивниот БДП, Јапонија е на прво место со дури 235 отсто од долгот. Јапонија должи повеќе од 13.000 милијарди долари, според ММФ. Иако САД имаат речиси 29.000 милијарди долари национален долг, тоа е нешто помалку од 134% од БДП на земјата, па нивниот долг е поодржлив.

Долгот на Грција од 379 милијарди долари изгледа речиси незначителен за САД, но претставува повеќе од 210 отсто од БДП. Следна земја на Европската унија со најголем национален долг во однос на бруто социјалниот приход е Италија, која должи повеќе од 3.000 милијарди долари, што е речиси 135% од БДП на земјата.

Според податоците пред пандемијата, Франција должела 2.900 милијарди долари, а во меѓувреме таа сума несомнено е зголемена. Долгот на Франција изнесува повеќе од 98 отсто од БДП. Германија должи повеќе од 4,3 трилиони долари, што претставува околу 72,5 отсто од БДП на најголемата економија во Европа. Според прогнозите на експертите, нивото на долгот на Германија кон БДП следната година ќе биде помало од 70%.

Втората економија во светот - Кина, има национален долг од нешто помалку од 9.000 милијарди долари пред пандемијата, што е 54,4 бруто домашниот производ. Сепак, трендот на раст на кинескиот долг во однос на БДП е неповолен, бидејќи во 2014 година изнесуваше околу 41,5 отсто.

Русија има околу 216 милијарди долари национален долг, или помалку од 19,5 отсто од БДП. Русија е деветта на листата на најмалку задолжени земји во светот. Според податоците од минатата година, Велика Британија должи околу 3.000 милијарди долари, што е повеќе од 85% од БДП на земјата. Со оглед на Брегзит и пандемијата, треба да се очекува дека британскиот долг во меѓувреме ќе порасне.

Хрватска, која е членка на ЕУ, има повеќе од 47,5 милијарди долари долг или 73,2 отсто од БДП. Долгот на Словенија, исто така членка на Европската унија, пред почетокот на пандемијата изнесува 38,68 милијарди долари, што претставува повеќе од 66 отсто од БДП.

Откако минатата недела беше одобрена третата транша од заемот од ММФ во износ од 700 милиони долари, Украина се проби на третото место во светот по обемот на акумулираниот долг кон ММФ, а Аргентина и Египет се пред неа.

Експертите не се целосно согласни во проценката на ризикот од презадолженост. Некои сметаат дека тоа неминовно ќе доведе до зголемување на каматните стапки и трошоците за задолжување, што го намалува економскиот раст и инвестициите во јавниот сектор.

Сепак, овогодинешниот извештај на RBC Wealth Management наведува дека трошоците за сервисирање на долгот на САД се намалени во 2020 година благодарение на ниските каматни стапки. Прашање е само до кога ќе останат одржливи ниските, таканаречени нулта каматни стапки, пред се поради инфлацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk