logo
logo
logo

Сега е време да се штеди: Промо депозит на Халкбанк со нови услови и атрактивни камати

Vecer | 07.07.2022

Сега е време да се штеди: Промо депозит на Халкбанк со нови услови и атрактивни камати

Во животот секогаш е важно да се најде здрава, правилна и одговорна мерка помеѓу потрошувачката и редовното штедење. Има безброј причини зошто е добро да штедиме пари – тргнувајќи од заштита во случај на финансиска криза, избегнување долгови, намалување на финанскиските стресови, па сè до обезбедување финансиско наследство за нашите најмили.

Штедењето е начин да се придонесе за финансиска сигурност и подобро да се планираат идните трошоци или да се реализира некоја стара желба, план или идеја. Штедењето е секогаш добра одлука, поддршка во непредвидени ситуации и во исто време олеснување, бидејќи парите ни стојат на располагање секогаш кога ни се потребни.

Ако имаме средства кои би сакале да ги сочуваме на безбедно, но истовремено и да ги зголемиме, тогаш нема причина да не почнеме да штедиме и да креираме штеден влог во банка.  Секако, при  изборот на банка на која ќе и ги довериме нашите пари, треба да обрнеме внимание на нејзината  доверливост, стабилност и сигурност и секако на условите на понудата за штедење - каматна стапка, рок, вид на штедење.

Токму таков сигурен партнер кој секогаш води грижa за своите клиенти и креира производи со атрактивни услови е Халкбанк АД Скопје. Покрај најразличните депозитни производи кои ги нуди банката, во моментот можеби најинтересен, пред сè поради исклучително атрактивната камата, далеку повисока од онаа на банкарскиот пазар, е ПРОМО депозитот на Халкбанк.

Станува збор за производ со кој штедачите добиваат можност за орочување на своите денарски средства на период од 13 месеци, со атрактивна каматна стапка од 2,00% која е фиксна и се исплаќа по периодот на орочување.

Кај овој производ минималниот износ на вложување е 30.000 денари и истиот е без можност за делумни исплати и уплати на средства пред истекот на датумот на доспевање.

Во случај на предвремено раскинување на договорот за депозитот, се пресметува камата по видување според важечката Одлука за пасивни каматни стапки на Банката, која во моментот изнесува 0%.

Доколку размислувате за тоа кој е најдобриот начин да ги оплодите вашите средства, во моментов ПРОМО депозитиот со сигурност е идеалното решение за вас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk