logo
logo
logo

Се враќа евтината струја преку ден, еве од кога

Vecer | 04.05.2023

Се враќа евтината струја преку ден, еве од кога

Пак ќе се воведе евтина тарифа на струјата преку ден која беше укината во јануари лани поради енергетската криза. Како што вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски досегашните анализи кои ги направиле покажуваат дека има можности од јули да се вратив евтината тарифа поради падот на цената на струјата на светската берза.

„До почетокот на јуни треба да бидат направени сите анализи за враќање на евтината тарифа. Цените на светската берза бележат значителен пад и тоа овозможува повторно да се воведе евтина струја два часа преку ден“, вели Марко Бислимоски претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Бислимоски вели дека цените сега овозможуваат ЕСМ и ЕВН хоум да набавуваат струја на слободниот пазар, со цел да се чуваат ресурсите односно јагленот и водата за зимскиот период, кога не се знае какви ќе бидат цените на струјата.

Евтината тарифа преку ден беше воведена во октомври 2017 година. Владата ја укина на 1 јануари 2022 година, кога имаше зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Ако останеше евтината тарифа граѓаните ќе требаше да плаќаат поскапа струја за 14,23 отсто.

Граѓаните и понатаму користат евтина струја само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk