logo
logo
logo

Се уште не се знае кој ќе оди на одмор на државна сметка: Доцнат ваучерите за туризам

Vecer | 15.05.2021

Се уште не се знае кој ќе оди на одмор на државна сметка: Доцнат ваучерите за туризам

Државата доцни со објавувањето на мерката за издавање на ваучери за туризам за оваа сезона, реагираат од туристичкиот сектор. Според нив, владата одамна требаше да го направи тоа затоа што сме на прагот на летото.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека година државата ќе продолжи да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи во домашните туристички капацитети. Според најавата поддршката ќе изнесува 12.000 денари по апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина од годинава. Доделување на ваучерите ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.

За разлика од лани кога беа доделени повеќе од 100.000 ваучери, годинава државата ќе подели само 1.250 ваучери кој ќе бидат наменет за домаќинства со ниски приходи чии месечни примања се до 30 илјади денари, а ќе имаат вредност од 200 евра.

Инаку, кој ќе се даваат годинава се дел од редовна активност согласно програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk