logo
logo
logo

Се обезбедуваат средствата за инвестирање во инфраструктура за управување со отпад во државата

Vecer | 16.02.2021

Се обезбедуваат средствата за инвестирање во инфраструктура за управување со отпад во државата


Министерот за животна средина и просторно плaнирање, Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, денеска го посeтија Регионалниот центар за развој на Полошкиот регион, каде се сретнаа со претставници на консултантскиот тим и изведувачот заради увид во прогресот на имплементацијата на брзите мерките за рехабилитација на постојната локација за депонирање на отпад Русино, кои се предуслов за отпочнување на втората фаза од процесот на воспоставување на интегриран самоодржлив систем за управување со отпад во Полошкиот регион.

На средбата, амбадорката Зутер Техада изрази подготвеност за продолжување на финансиската поддршка на SECO, преку обезбедување на дополнителни средства за воспоставување на инфраструктурата и имплементацијата на Регионалниот план за управување со отпадот во Полошкиот регион, доколку државата обезбеди средства за продолжување на планираните активности.

За таа цел, министерот Нуредини информираше дека на барање на МЖСПП, Владата на 2 февруари го одобри започнувањето на постапка за обезбедување на заем од меѓународни финасиски организации за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки Регион во висина од 55.367.614,00 евра. Со обезбедувањето на овие средства, државата ќе може да започне со изградбата на основната инфраструктура за управување со отпадот на регионално ниво.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk