logo
logo
logo

„Се чини неизбежно“: ЕУ излегува од договорот потпишан од околу 50 земји?

Vecer | 07.02.2023

„Се чини неизбежно“: ЕУ излегува од договорот потпишан од околу 50 земји?

ЕК ги информираше членките дека заедничкото излегување од меѓународниот енергетски договор се чини неизбежно, се наведува во документот што го видел Ројтерс.

Договорот за енергетска повелба од 1998 година, потпишан од околу 50 земји, вклучително и членки на ЕУ, беше дизајниран да ги заштити компаниите во енергетската индустрија со тоа што ќе им дозволи да ги тужат владите поради политиките што ги загрозуваат нивните инвестиции.

Во претходните години, пак, договорот беше искористен за оспорување на политиката на затворање на погони за фосилни горива, што, според ЕУ, е пречка за решавање на проблемот со климатските промени.

Франција, Германија, Холандија, Полска и Шпанија веќе објавија дека се откажуваат од плановите за напуштање на договорот, зголемувајќи го притисокот врз Брисел, кој сега го координира повлекувањето низ ЕУ.

Италија го напушти договорот уште во 2016 година.

Како што додава британската новинска агенција, во документот се наведува дека „најадекватна опција“ е ЕУ и сите 27 земји да го напуштат договорот.

„Повлекувањето изгледа неизбежно“, се наведува во документот.

Портпаролот на Европската комисија потврди дека ЕК ќе препорача излез на ЕУ од договорот и дека на претстојниот состанок ќе им биде претставен на дипломатите на земјите членки.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk