logo
logo
logo

„СДСМ и ДУИ создадоа двоцифрена инфлација во Македонија“

Vecer | 17.05.2022

„СДСМ и ДУИ создадоа двоцифрена инфлација во Македонија“

Заради СДСМ и ДУИ Македонија има двоцифрена инфлација, таа не е увезена, туку создадена е од криминалот на власта, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Инфлацијата во Македонија е 10.5% цените ги изедоа платите на граѓаните. И народот е посиромашен сега во споредба со лани. За инфлацијата придонесе покачената струја за 30%, која е покачена затоа што не се произведува дома, туку се увезува од надвор, а не се произведува затоа што власта крадеше во РЕК и ЕЛЕМ. Покачено е цената на парното, затоа што власта не се обезбеди со евтин енергенс на време, како што го сторија тоа земјите од регионот. Поскапен е лебот и брашното и до 100% затоа што годишно увезуваме и до 60.000 тони пченица, а увезуваме затоа што го уништија земјоделието, велат од партијата. Од таму додаваат дека иста е причината и со зголемените цени на маслото за јадење, за чие производство сме зависни од увоз на нерафинирано масло од надвор. -Имаме инфлација затоа што власта е неспособна. Народот страда, затоа што функционерите во владата крадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk