logo
logo
logo

„Направена е очигледна грешка“

Руската Сбербанк ја тужи ЕУ поради продажба на подружниците во Хрватска, Словенија и Австрија

Vecer | 28.11.2022

Руската Сбербанк ја тужи ЕУ поради продажба на подружниците во Хрватска, Словенија и Австрија

Руската Сбербанк поднесе тужба против Одборот за санација на Европската банка поради одлуките да ги продаде своите подружници во Хрватска и Словенија и да ја затвори онаа во Австрија по воведувањето санкции против Русија.

На крајот на февруари, Европската централна банка (ЕЦБ) процени дека филијалите на Сбербанк во Австрија, Хрватска и Словенија би можеле да пропаднат поради ненадеен и голем одлив на депозити што беа предизвикани од западните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

ЕЦБ заклучи дека Sberbank Europe AG, со седиште во Австрија, „веројатно нема да може да ги плаќа своите долгови или други обврски навреме во блиска иднина“, се вели во соопштението во февруари.

„Сбербанк Европа АГ и нејзините подружници забележаа значителен одлив на депозити бидејќи геополитичките тензии влијаеја на (нивната) репутација“, заклучува ЕЦБ.

„Тоа доведе до влошување на нивната ликвидност и нема достапни мерки со реални шанси за враќање на таа ликвидност на ниво на групацијата и во секоја нејзина подружница во банкарскиот сојуз“, додаваат оттаму.

Единствениот одбор за санација се согласи со оценката на ЕЦБ и, во соработка со Хрватската народна банка, ја одобри продажбата на хрватската филијала на Сбербанк на Хрватската пошта банка.

Филијалата на Сбербанк во Словенија беше продадена на Нова Љубљанска банка.

Европската комисија, исто така, ги одобри програмите за рехабилитација на хрватските и словенечките филијали по пат на продажба, потврдувајќи ја одлуката на одборот да го препушти затворањето на австриската Sberbank Europe AG на домашниот регулатор.

На 22 август, руската Сбербанк поднесе тужба против одборот за санација на банките пред Европскиот општ суд, барајќи поништување на неговата одлука.

Во тужбата, банката, меѓу другото, тврди дека одборот направил „очигледна грешка“ при проценката на условите поврзани со програмата за рехабилитација и го прекршила „фундаменталното право на сопственост и слободата на претприемништвото“.

Руската банка не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за тужбата.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk