logo
logo
logo

Санкции има но, КОЈ ВО ЕВРОПА ГО ЗГОЛЕМИ ПРОМЕТОТ СО РУСИЈА

Vecer | 06.12.2022

Санкции има но, КОЈ ВО ЕВРОПА ГО ЗГОЛЕМИ ПРОМЕТОТ СО РУСИЈА

Во февруари обемот на увоз на руска стока во Франција изнесуваше 1,8 милијарди евра, а потоа во следните пет месеци почна да се намалува. Во август, пак, показателите скокнаа за 25 отсто на месечно ниво - до 1,1 милијарда евра.

Германија го врати првото место на листата на најголеми увозници (2,7 милијарди евра), откако Италија беше на прво место во јули. На трето место е Холандија со увоз од милијарда и пол евра.

Увозот го зголемија и другите европски земји, а меѓу нив рекордер е Португалија, каде порастот е речиси десет пати (9,3), а обемот на увозот достигна 79 милиони евра. Во Летонија увозот е зголемен за 44 отсто, Австрија и Шпанија за 27 отсто, Грција за 15 отсто и Словачка за шест.

Пет земји од ЕУ го зголемиле извозот на своите стоки во Русија, Кипар најмногу - 6,7 пати. Извозот од Унгарија е зголемен за 23 отсто, Белгија за 19 отсто и Германија за 13 отсто, додека извозот на Литванија е зголемен за два отсто, достигнувајќи 292 милиони евра, што е највисока сума од февруари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk