logo
logo
logo

Салвадор стана ПРВА земја во која може да СЕ ПЛАЌА СО БИТКОИН

Vecer | 10.06.2021

Салвадор стана ПРВА земја во која може да СЕ ПЛАЌА СО БИТКОИН

Вчера, Ел Салвадор, кој нема своја валута, стана првата земја во светот што го воведе биткоинот како законско средство за плаќање откако Конгресот го усвои предлогот на претседателот Наиб Букела да ја прифати таа крипто валута.

Со 62 од 84 можни гласови, пратениците гласаа за усвојување на закон за прифаќање на биткоинот, и покрај стравувањата од можен лош ефект врз програмата на Ел Салвадор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од една милијарда долари.

Претседателот Букеле се залага за употреба на биткоин бидејќи, според него, тоа може да ги заштити девизни дознаки на иселениците од екстремно високи такси при трансферите во долари.

Букеле истакна дека американскиот долар сепак ќе биде законско средство за плаќање.

„Тоа ќе донесе финансиска вклученост, инвестиции, туризам, иновации и економски развој во нашата земја“, рече Букеле.

Ел Салвадор е земја со голема емиграција. Се проценува дека околу 6 милијарди долари доаѓаат од САД секоја година, испратени од околу два милиони иселеници, што претставува една петтина од БДП.

Овие дознаки од Соединетите држави стигнуваат до жителите на Салвадор преку неколку финансиски посредници со провизии од по 20 проценти, додека кај криптовалутите нема провизии за трансакции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk