logo
logo
logo

Руската вотка ПРЕКУ СРБИЈА ПАТУВА НИЗ СВЕТОТ

Vecer | 23.05.2023

Руската вотка ПРЕКУ СРБИЈА ПАТУВА НИЗ СВЕТОТ

Рускиот производител на алкохолни пијалоци ASG ќе ги извезува своите производи на странските пазари преку Србија.

Голема сибирска компанија која ги произведува познатите брендови на вотка „White birch“, „Sibitter“ и „Five lakes“ го отвори ASG Global Balkans во Србија за извоз на странските пазари, пишува Комерсант.

Овие податоци доаѓаат од српската агенција за деловни регистри (АПР), а компанијата ASG преку огласи бара менаџери за извоз кои се специјализирани на пазарите во Израел, Турција и Латинска Америка.

Според Роспатент, правата на некои брендови ASG, се пренесени и на ASG Global Balkans.

Изворот на Комерсант наведува дека со извозот на производите ASG претходно се занимавала компанија од Кипар, но по воведувањето на санкциите на ЕУ против Русија ситуацијата значително се искомплицирала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk