logo
logo
logo

Русите повеќе НЕМААТ ПАРИ ЗА ЛУСКУЗНИ АВТОМОБИЛИ?

Vecer | 15.08.2022

Русите повеќе НЕМААТ ПАРИ ЗА ЛУСКУЗНИ АВТОМОБИЛИ?

Во јули се продадени 84% помалку луксузни возила отколку во истиот месец од 2021 година.

Западните санкции сериозно ја потресоа руската автомобилска индустрија, но тие особено се одразија на трговијата со скапи автомобили.

Како што пишува Autostat.ru, во Русија во јули 2022 година се продадени само 16 луксузни автомобили, што претставува пад од 84% на годишно ниво, ако се земе предвид дека во истиот месец минатата година биле испорачани 103 такви возила.

Истиот извор наведува дека веќе трет месец по ред на рускиот пазар месечно се продаваат помалку од 20 скапи автомобили.

Во јули, богатите Руси купија по 5 автомобили Ферари, 3 Бентли и Ролс Ројс, 2 Аурус (руска марка на луксузни автомобили), додека по еден Астон Мартин, Ламборџини и Масерати беа испорачани.

Во периодот јануари-јули 2022 година, во Русија се продадени 256 нови луксузни возила, за половина помалку од минатата година, кога во истиот период беа испорачани 511 вакви автомобили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk