ВО СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ ЌЕ СЕ ОТВОРААТ НОВИ РУДНИЦИ И НАОЃАЛИШТА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

Рударството ќе донесе милиони евра инвестиции и вработувања на над 2.000 лица

Годинава стартуваше одлично, бидејќи во март украинската компанија за преработка на бакар "Константиновски плант" донесе одлука да инвестира во Македонија. Оваа инвестиција се очекува да достигне вредност од 300 милиони долари и до 500 нови работни места.

Рударскиот сектор во Македонија во следните години го очекува подем, инвестиции од околу милијарда долари, стотици милиони евра и вработувања во овој значаен сектор на повеќе од 2.000 лица директно во секторот и уште двојно повеќе, заедно со вработувањата во придружните гранки.

Годинава стартуваше одлично, бидејќи во март украинската компанија за преработка на бакар "Константиновски плант" донесе одлука да инвестира во Македонија. Компанијата веќе направила детални геолошки истражувања на три наоѓалишта во Македонија со веќе добиени концесии во околината на Валандово и во Старо Нагоричане, близу Куманово. Процесот на истражување се очекува да заврши до крајот на годинава по што следува, освен отворање на три рудници - два во Валандовско и еден во Старо Нагоричане - и изградба на две фабрики во Валандовско, кои ќе бидат во близина на рудникот. Оваа инвестиција се очекува да достигне вредност од 300 милиони долари и до 500 нови работни места.

Инвестициите се дел од планот на канадската компанија "Еуромакс", која планира да вложи во рудникот за злато и бакар во Иловица над 500 милиони долари и ангажирање на 300 до 400 лица. По изградбата на рудникот за бакар и злато, кој треба да биде готов најдоцна за пет години, ќе се вработат 500 до 600 лица, а активностите на теренот треба да почнат во 2017 година.
- Уште една компанија од Англија, на чие привлекување активно работиме, купи концесија за рудник во Валандовско во близина на селото Башибос и неодамна не информираа дека наскоро ги објават своите планови за работа, инвестиции и вработувања. Исто така, потпишан е договор за концесија со Скопски легури, со што ќе започне со работа рудникот за манган Стогово во Кичевско, кое претпоставува нови 350 вработувања и уште толку индиректни вработувања. Во близина на Кичево се даде на концесија и рудникот Тајмиште чие реактивирање се очекува оваа или идната година - посочи премиерот Никола Груевски, потенцирајќи дека ова се само дел од инвестициите во рударскиот сектор кои во иднина ќе бидат многу поголеми.

Тој потсети дека сопствениците на рудникот Саса купија уште една концесија за нов рудник во близина на сегашниот каде што планираат вработување на нови 70 работници. Уште четири други рудници се очекува да се отворат во период од две до три години во регионот помеѓу Пробиштип, Злетово, Делчево и Крива Паланка.

Според Христијан Делев, заменик-министер за економија, во делот на експлоатацијата на минералните суровини во следните 4 години се очекува да се отворат неколку рудници меѓу кои и: рудникот за бакар Казандол-Валандово, каде што ќе се вработат до 300 лица и инвестираат од 50 до 100 милиони евра, рудникот за железо Тајмиште чија инвестиција ќе достигне до 15 милиони евра, Луке Тораница - Крива Паланка, каде шТо се истражуваат наоѓалиштата за бакар и злато при што рудникот каде ќе се инвестираат 200 милиони евра и 300 работници ќе почне со работа во 2016 година, Плавица во реонот на Пробиштип и Кратово...

- Рудникот Стогово ќе започне со работа во текот на месец мај годинава, а паралелно со ова, ќе се работи на отворањето на уште три други експлоатациони полиња за експлоатација на манганот. Предвидено е нови вработувања од општините Кичево и Дебарца, а рудата која ќе се топи и преработува во земјава и ќе се добиваат полупроизводи и финални производи кои ќе го зголемат извозот од Македонија и девизниот прилив - потенцира Делев.

Тој посочи дека во завршна фаза се истражувањата за бакар, злато и сребро на локалитетот Плавица, се подготвува и техничката документација за добивање на концесија за експлоатација. Рудникот се очекува да започне со работа во текот на 2017 година каде ќе бидат ангажираат најмалку 300 работници и уште над 200 милиони евра инвестиции. На оваа листа е рудникот за антимон Лојане-Липково каде ќе се ангажираат 300 работници и ќе се вложат 30 милиони евра. Рудникот Боров Дол-Конче е во завршна фаза, а за стартот на експлоатација во 2017 година ќе бидат ангажирани 100 работници и 20 милиони евра.
- Во 2012 година на локалитетот Иловица, во општина Босилово, доделена е концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро. кој се очекува да биде најголем рудник во регионот. Од овој рудник бенефит ќе има целокупната економија, а особено компаниите од регионот кои ќе се ангажираат од страна на инвеститорот за разни видови на услужни дејности - вели Делев и истовремено резимира дека сите нови рудници ќе овозможи стабилен развој и нови вработувања во повеќе краишта во државата.

Нови вработувања и поддршка на малите компании
Заменик-министерот за економија, Делев потенцира дека еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ е преку конкретни проекти да ја развива економијата со поддршка на малите и средни претпријатија, како еден од начините за отворање на нови работни места.
Тој нагласи дека ќе се изврши докапитализација на МБПР со 10 милиони евра за поддршка на извозот и земјоделието.
- Овие средства ќе бидат на располагање на домашните фирми за две намени: финансирање на производство наменето за извоз и финансирање на земјоделското производство, откуп и извоз на земјоделски производи - вели Делев.

Валентина МАРЈАНОВИЌ

Поврзани

Најнови вести

Коментари