logo
logo
logo

РОКОТ Е ДО 30ти АПРИЛ: Барањето за исплата на плати за февруари и март поставено на платформата на УЈП

Vecer | 21.04.2021

РОКОТ Е ДО 30ти АПРИЛ: Барањето за исплата на плати за февруари и март поставено на платформата на УЈП

Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците за февруари и март 2021 година „образец БФП-ИП/3″ е поставено на платформата на УЈП е-даноци (https://etax-fl.ujp.gov.mk/), информираат од Управата за јавни приходи.

– Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-даноци најдоцна до 30 април 2021, а комплетноста на барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од три дена од денот на доставувањето на барањето, посочуваат од УЈП.

Од таму потсетуваат дека за остварување на правото работодавачот поднесува барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците (образец БФП-ИП/3) за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи, врз основа на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за февруари и март 2021 година („Службен весник на РСМ”, бр. 85/2021).

– Начинот на пополнување на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март 2021 година (образец БФП-ИП/3) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување, прецизираат од УЈП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk