Референдумот ќе има влијание врз кредитниот рејтинг на Македонија

Еден од најважните критериуми кој го користат рејтинг агенциите е политичката стабилност. Тоа го потенцираат и од една од најголемите меѓународни рејтинг агенции "Fitch rating„.

На прашањата какво влијание имаат евроинтегративните процеси врз кредитниот рејтинг на една земја и дали може се очекува позитивно влијание врз македонскиот кредитен рејтинг доколку граѓаните на претстојниот рефрендум изгласаат промена на името во Северна Македонија и зачленување во НАТО и ЕУ, од "Fitch rating„ упатуваат на последниот извештај за Македонија објавен во јули годинава, каде што се одредени и клучните фактори за рејтингот на земјата. Тогаш, „Фич" го потврди рејтингот на Македонија ББ, со позитивен изглед.

Во извештајот се укажува дека напредок е нотиран и кај фискалната транспарентност, чекорите за подобрување на деловниот амбиент за малите и средните претпријатија, прашањето околу името, одлуката на Советот на ЕУ за преговори за членство во јуни 2019, како и формалната покана од НАТО за зачленувањето на Македонија по решавањето на спорот. Во агенцијата нагласуваат дека успешно решение на спорот за името бара и промена на македонскиот устав за што ќе се одржи референдум.

Од „Фич" потенцираат дека главните ризик-фактори кои индивидуално или колективно би можеле да доведат до подобрување на кредитниот рејтинг на Македонија се подобрување на стандардите на управување и понатамошно намалување на политичките ризици, како на пример низ подолгорочна политичка стабилност, имплементација на клучните институционални реформи и прогрес кон зечленувањто во ЕУ и краткорочна фискална консолидација со стабилизација на на јавниот долг како дел од БДП.

Поврзани

Најнови вести

Коментари