logo
logo
logo

„Рајанер“ очекува загуба од милијарда евра

Vecer | 01.02.2021

„Рајанер“ очекува загуба од милијарда евра


Ирската авиокомпанија „Рајанер“ објави остар пад на приходите на крајот на минатата година, проценувајќи дека ќе ја затвори финансиската година со загуба од близу милијарда евра, но исто така се надева и дека летото треба да биде подобро.

Последните три месеци од 2020 година, најголемиот европски нискобуџетен авиопревозник ги заврши со нето-загуба од 306 милиони евра. Во истиот период една година претходно работеше со нето-добивка од 88 милиони евра.

Нејзините приходи потонаа на 340 милиони евра. Во истиот период една година претходно тие изнесувале 1,91 милијарди евра.

Во периодот од октомври до декември компанијата превезла само осум милиони патници поради ограничувањата насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот, дури за 78 проценти помалку отколку во истиот период претходната година.

Компанијата, сепак, очекува забрзано закрепнување помеѓу јули и септември.

„Се надеваме дека како што летото ќе се приближува до својот врв, ограничувањата да се олеснуваат“, изјави директорот на финансиската управа, Нил Сорахан.

„Во зима се надеваме дека ќе се вратиме во одредена нормалност“, додаде Сорахан.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk