-Очекувам државниците во нашата пријателска земја да покажат политичка мудрост и да ја градат европската иднина на Република Северна Македонија ослободена од идеологиите на минатото, вели бугарскиот претседател Румен Радев.За време на престојот во Софија, вчера, по повод официјалното пуштање во комерцијална употреба на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ), Пендаровски имаше средби со претседателката на Еврокомисијата, Фон дер Лајен и со бугарскиот претседател Радев, на кои главни теми беа актуелната енергетска криза и очекувањата за помош од ЕУ во справувањето со неа. Во Бугарија денеска се оддржуваат нови предвремени парламентарни избори, четврти во последните две години.