logo
logo
logo

Путин предлага нова Унија?

Vecer | 29.11.2022

Путин предлага нова Унија?

Русија разговара за можна „гасна унија“ со Казахстан и Узбекистан за поддршка на снабдувањето меѓу трите земји и другите купувачи на енергија, вклучително и Кина.

Ова денеска го изјави рускиот вицепремиер Александар Новак, пренесува Интерфакс.

Новак не даде дополнителни детали за тоа што ќе вклучува „гасната унија“ или во која фаза се разговорите.

Портпаролот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин предложил таква идеја на средбата со Токаев во понеделникот. Тој исто така не соопшти детали, пренесува Ројтерс.

Додека Русија е главниот извозник на природен гас, Узбекистан и Казахстан произведуваат приближно онолку колку што трошат. Двете земји се поврзани со гасовод со Русија, а посебен гасовод ги преминува двете на пат кон Кина.

Сепак, двата гасоводи главно пумпаат гас од Туркменистан, додека Казахстан и Узбекистан никогаш не пријавиле транзитни пратки на руски гас до Кина или која било друга земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk