logo
logo
logo

Просечната плата ПАЃА, објави ДЗС

Vecer | 21.09.2021

Просечната плата ПАЃА, објави ДЗС

Се намалува просечната плата во земјава, објави државната статистика. Во јули изнесува 28.540 денари и е за 204 денари пониска од просекот во јуни.  Намалување на платите има во неколку сектори – финансиските  дејности, осигурувањето,  трговијата на големо и мало, задолжителносто  социјално осигурување.

Сепак, во однос на истиот месец лани, статистиката пресметаа дека просечната плата бележи пораст од 4,8 %.  Синдикалниот лидер Димовски смета дека растот на платите не е реален. За да биде, треба да расте и минималната плата, согласно порастот на трошоците за живот.  Минатата година најниско платените работници, пред се во текстилната индустрија, поради стопираните нарачки, беа пратени на принуден одмор. Просекот на платата порасна поради високоплатените професии, кои останаа на работа, вели Димовски

-Минатата година, поради корона пандемијата, над 17,500 работницити, пред се од ниско платените професии, останаа без работа. Сега, во јули, просечната плата е намалена за 200 денари поради тоа што на цена дојдоа ниско платените работници – во угостителството и текстилната индустрија, каде повторно има нарачки од европските партнери и тие се вратени на работа, во соработка со Синдикатот, Организацијата на работодавачи и Владата, изјави Дарко Димовски, претедсател на ССМ.

Просекот на платите и натаму го билдаат програмерите. Месечно заработуваат по речиси  73,000 денари. Веднаш зад нив вработените во производството на машини, кои земаат плата по 50,500 денари. Следни се вработените во фармацијата, телекомуникациите, стручните и научни дејности и воздухопловството. Најниска плата пак, во просек по 18,000 денари земаат вработените во кожарската, текстилната индустрија, како и подготовката на храна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk