logo
logo
logo

Проф. Арсов за замрзување на цените: ШВЕРЦ И ЦРН ПАЗАР

Vecer | 07.10.2021

Проф. Арсов за замрзување на цените: ШВЕРЦ И ЦРН ПАЗАР

Покрај бизнисот и науката е против најавата на владата за замрзнување на цените.

“Ќе ги замрзнувале цените. Ако некој слушал Основи на економија, би знаел дека со замрзнати цени се јавуваат кусоци, шверц и црн пазар. Луѓето се рационални суштества”, пишува универзитетскиот професор Сашо Арсов од економскиот факултет во Скопје кој важи за близок на социјалдемократите.

Ако е потребно, ќе ги искористиме механизмите за да нема ценовни шокови, изјави завчера министерот за економија, Крешник Бектеши во врска со предупредувањето на преработувачите дека храната драстично ќе поскапи.

“Будно ја следиме ситуацијата во делот на глобалниот синџир на снабдување, посебно со прехранбените производи. Тоа го покажавме и во време на пандемија. Секако има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија каде што за основните производи може да донесеме одлуки во делот на замрзнување на одредени цени, било тоа да се цени во прехранбените производи или суровини кои се увезуваат или се продаваат директно во голема и мала продажба”, рече министерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk