logo
logo
logo

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Vecer | 23.06.2022

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Во текот на вчерашниот, шести ден од расправата, беа разгледани 19 амандмани од кои беше прифатен само еден со кој се бараше да се одвојат 2,5 милиони денари за расчистување на индустриската депонија во Нерези. Поднесени се вкупно 204 амандмани од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два од парламентарното мнозинство. Согласно Деловникот за работа, амандманската расправа трае десет дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk