Турски бизнисмени од Адијаман ги истражуваат можностите за соработка со македонски компании

Прилепскиот мермер ќе патува и за Турција!?

За Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО, соработката со турските компании ќе им даде на македонските фирми можност да се запознаат со потенцијалите на турските компании, бидејќи Македонија е една од државите каде што тие можат да инвестираат и транзитно да работат со сите пазари со кои земјава има склучено договор за слободна трговија.

Македонија и бизнис-секторот има потенцијал да ја надгради соработката со Турција во трговијата, туризмот, земјоделството и извозот на уникатниот прилепски мермер.

За да се интензивира стопанската соработака меѓу Македонија и Турција, придонесува и Стопанска комора на Македонија - Турција(МАТТО) и Трговската комора на Адијаман, град сместен во Анадолија во Југоисточна Турција кои во Скопје одржаа заеднички бизнис форум.

Претставниците на двете комори сметаат дека има основа да се интензивира трговската соработка и потенцијалите за инвестирање во повеќе сектори како што е земјоделството, сточарството, рударството, производството на мермер, автомобилската индустрија и туризмот.

За Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО соработката со турските компании ќе им даде на македонските фирми можност да се запознаат со потенцијалите на турските компании, бидејќи Македонија е една од државите каде тие можат да инвестираат и транзитно да работат со сите пазари со кои земјава има склучено договор за слободна трговија.

- Адијман е град на божјите посланици и затоа може да го развиваме и туризмот. Истовременио треба да ги информираме и за нашиот уникатен мермер што го има во Прилеп и е од светски глас, а кој се извезува во Абудаби, Казакистан и други земји -вели Адемоски и дополнува дека МАТТО прави напори истовремено да ги збратими Скопје и Адијаман, кои според бројот на жители се исти по големина.

И Мустафа Услу претседател на трговската комора на Адијаман смета дека треба да има поголем развој на трговските односи меѓу двете земји, бидејќи Македонија и Турција историски имаат пријателски односи на многу полиња.

- Во моментов трговската размена меѓу Македонија и Турција изнесува 420 милиони американски долари,а тоа не е доволно и затоа таа треба да се развива со забрзано темпо - смета Услу и додава дека ова е само почеток на идната соработка и затоа ги покани македонските компании заедно со МАТТО да ја посетат Турција.

Тој смета дека тоа ќе донесе добивка на двете страни, при што се заблагодари и на Турската амбасада во Скопје, која помага да се реализираат заедничките средби.

Како што информираат од Турската амбасада во Република Македонија тие веќе подготвуваат разновидни програми со кој треба да се развива соработката на повеќе полиња.

- Турските компании треба да даојдат во Македонија и да се запознаат со инвестициските можности, а ние организираме да можат и бизнисмените од Македонија да патуваат во Турција на разни саеми каде се запознаваат со турски компании и воспоставуваат деловни контакти - вели Бунњамин Кутлу, аташе во трговското претставништво на Република Турција во Македонија.

На македонско-труски бизнис форум присутни се компании од прехранбената и текстилната индустрија, градежништвото, рударството и туризмот. Турските бизнисмени пред посетата во Македонија, беа во Србија, а потоа заминуваат за Косово.

(В.Ма.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари