logo
logo
logo

Пренџов: Владата требаше да ги замрзне цените на прозиводите кои беа во јули и август, а не овие сега или кога месото беше 240 денари, а сега е повеќе од 300 денари

Vecer | 06.12.2021

Пренџов: Владата требаше да ги замрзне цените на прозиводите кои беа во јули и август, а не овие сега или кога месото беше 240 денари, а сега е повеќе од 300 денари

Одговорна влада прво ги гледа цените во јули и август и вели ги замрзнувам оние кои билево јули и август, а не овие сега цени, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема обакајќи се на министерот за економија Крешник Бектеши кој беше дел од дебатата. Според него владата се однесува по онаа купи ден продај и додаде дека цените требаше да се бидат замрзнати пред да се зголемат толку.
– Кажав еднаш тешко на држава во која само минималната плата расте. Треба посериозен пристап кон кризата која не чука на врата туку ни е длабоко влезена во државава, рече Пренџов.
Според него еднострано е однесувањето на власта.
– Не може само за цени да зборуваме и тоа требаше многу порано и многу поинаку, но треба и подддршка за стопаснството. Каде е поддршката за стопанството, праша Пренџов.
Покачувањата кажа Пренџов се високи, храна 5 посто повиски цени, масло 24,9 проценти, месо 3 посто, шеќер 5,5 проценти, течни горива 5,5 проценти.
– Значи многу се повисоки покачувањата, рече Пренџов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk