logo
logo
logo

Преку мЗаедница граѓаните од Карпош, Валандово и Кочани можат да учествуваат во креирање на буџетот

Vecer | 24.11.2021

Преку мЗаедница граѓаните од Карпош, Валандово и Кочани можат да учествуваат во креирање на буџетот

Преку мобилната апликација „мЗаедница“ или преку веб-платформата „www.mzaednica.mk“. Оваа апликација е достапна преку „Google Play“ и „App Store“, бесплатна е за симнување и жителите од посочените општини можат да даваат предлози од областа на животната средина, управувањето со отпадот, локалната инфраструктура, предучилишното и основното образование, спортот и другите сфери на локалното живеење. На овој начин, како што соопштија денеска од Центар за социјални иновации „БЛИНК 42-21“, граѓаните директно учествуваат во креирањето на новиот буџет и нивните предлози и идеи се разгледуваат од страна на задолжените општински сектори. Оттаму посочуваат дека преку мобилната или веб-апликација, секој граѓанин може да креира свој профил на апликацијата, да преземе акција преку пријавување на предлог за подобрување на заедницата или да пријави проблем.
– Во трите општини во кои веќе функционира оваа мобилна апликација, локалното население на дневно ниво има двонасочна комуникација со општинските служби, без потреба да оди физички до општината, информираат од БЛИНК 42-21“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk