logo
logo
logo

Предвидени 15 милиони денари за ваучери за одмор на вработени со ниски примања

Vecer | 22.05.2022

Предвидени 15 милиони денари за ваучери за одмор на вработени со ниски примања

Со ребалансот на буџетот предвидени се 15 милиони денари за доделување ваучери за вработени со ниски примања за одмор во домашните туристички капацитети, информира денеска од Охрид министерот за економија Крешник Бектеши. Пред средбата со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека тоа е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам, неизоставајќи ги ниту мерките на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за привлекување странски гости. – Тоа е е една од мерките, кои се реализираат од страна на Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, а во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има и многу мерки за поттикнување на странски туристи. Во туризмот има и други мерки во делот на подобрување на инфрастрултурата, услугите што ги дааат хотлеиерите и угостителите, со цел подобра понудата во Охрид и Струга не само за домашните, туку и за странските туристи, изјави Бектеши. Бројот на доделени ваучери, нагласи, зависи од апликациите, односно колку члено семејство аплицира. – Во зависност од апикациите генерално секоја година имаме од 1.500 до 2.000 вачучери. Во зависност од членовите семејството, зависи и висината на ваучерот, претходните години беше до 220 евра, појасни Бектеши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk