Американската компанија Тесла, која се здоби со глобална популарност со своите електрични автомобили, издаде официјално повлекување на повеќе од милион возила.

Станува збор за речиси 1,1 милион автомобили Тесла, кои денеска беа повлечени во САД поради дефект кој може да предизвика повреди!

Се вели дека станува збор за дефект на системот за автоматско затворање на прозорците кој, без соодветен систем за враќање наназад, може да го зголеми ризикот од повреда со примена на прекумерна сила и заробување на возачот или патникот при затворање.

Овој систем тешко ги препознава пречките, односно не реагира правилно кога ќе ги открие. Тоа значи дека постои реална шанса прозорецот да продолжи да се затвора и покрај препреката која можеби е дел од човечкото тело, па јасно е дека овој неуспех во голема мера го зголемува ризикот од повреда.

Ова масовно отповикување влијае на Model 3 (2017-2022), Model Y (2021-2022), Model S и Model X.

Компанијата Тесла и соопшти на Националната служба за безбедност во сообраќајот дека ќе извршат „преку воздух“, односно далечинско ажурирање на програмата на системот за автоматско затворање на прозорците.

Како што рече Тесла, досега не добиле поплаки, пријави за несреќи, повреди или смртни случаи кои би биле поврзани со спорниот дефект на системот.

Фото: Тесла