logo
logo
logo

ПОВЛЕЧИ, ПОТЕГНИ - ЕВРОПА НАЧЕЛНО СЕ СОГЛАСИ Ова е граничната цена што ЕУ ја одреди за руската нафта

Vecer | 01.12.2022

ПОВЛЕЧИ, ПОТЕГНИ - ЕВРОПА НАЧЕЛНО СЕ СОГЛАСИ Ова е граничната цена што ЕУ ја одреди за руската нафта

Владите на земјите од Европската унија денеска начелно се договорија да ја ограничат цената на руската морска нафта на 60 долари за барел, пренесува Ројтерс повикувајќи се на изјава на дипломат од ЕУ, без да го прецизира неговото име.

Според него, ценовната граница би се имплементирала со примена на механизам за корекција што треба да ја задржи горната граница на цената на 5,0 отсто под пазарната цена.

Полска, која се заложи за плафонот на цените да биде многу построг, има рок до 15:00 часот по Гринич да го прифати договорот, кој потоа ќе биде одобрен од сите влади на ЕУ во писмена процедура до петок, додаде изворот на Ројтерс.

„Блумберг“ исто така објави дека е постигнат пробен договор за ограничување на цената на 60 долари. Њујоршката агенција забележува дека ЕУ е во ќорсокак по ова прашање од минатата недела, бидејќи Полска, Естонија и Литванија инсистираа дека првично предложената граница од 65-70 долари за барел е „премногу дарежлива“ за Москва и наместо тоа, треба да се постави на 30 долари.

Од друга страна, големите поморски земји, вклучувајќи ги Грција, Малта и Кипар, се залагаа лимитот да биде поставен на околу 70 долари за барел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk